• понеделник, 23 декември 2024

Де Хеа објави заминување од Манчестер јунајтед

Де Хеа објави заминување од Манчестер јунајтед

Манчестер, 8 јули 2023 (МИА) - Голманот Давид де Хеа денес објави дека го напушта Манчестер јунајтед. Триесет и двегодишниот шпански фудбалер го напушти англискиот тим како слободен играч.

 

Договорот на Де Хеа со Манчестер јунајтед беше со важност до почетокот на јули 2023 година. Голманот настапуваше за „црвените ѓаволи“ од 2011 година.

 

-Сега е вистинското време да се соочите со нов предизвик, да се обидете повторно во нова средина. Манчестер секогаш ќе биде во моето срце, Манчестер ме обликуваше и никогаш нема да си замине од мене, напиша Де Хеа во својата проштална порака на социјалните мрежи.

 

Де Хеа од Атлетико Мадрид се пресели во Манчестер јунајтед за 25 милиони евра. Вкупно, голманот одигра 545 натпревари за англискиот клуб.

 

Тој има осум трофеи со Манчестер јунајтед: Премиер лигата 2012/13, ФА Куп 2015/16, два трофеи од англискиот фудбалски Лига куп (2016/17, 2022/23), три ФА Суперкупа (2011, 2013, 2016) и победа во Лига Европа 2016/17. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан