• недела, 22 декември 2024

Де Лихт: Фудбалерите мора да преземат одговорност за заминувањето на Тухел

Де Лихт: Фудбалерите мора да преземат одговорност за заминувањето на Тухел

Минхен, 4 март 2024 (МИА) - Централниот дефанзивец на Баерн Минхен, Матијс де Лихт изјави дека играчите на клубот мора да преземат одговорност за заминувањето на тренерот Томас Тухел на крајот од сезоната.

Минатиот месец Баварците објавија дека ќе се разделат со 50-годишниот главен тренер на крајот од кампањата. Тухел му се приклучи на тимот во март минатата година со договор до јуни 2025 година.

Тешката сезона на Баерн продолжи со ремито 2-2 кај Фрајбург, оставајќи ги десет бода зад лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен.

Баерн загуби со 1-0 од Лацио во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите на 14 февруари.

-Ние, играчите, сме одговорни (за ситуацијата). Правиме сè заедно. Кога тренерот треба да си замине, тогаш и ние треба да кажеме дека не сме се снашле добро. Во овој период сме заедно и мораме да излеземе од него заедно. Затоа утрешниот натпревар е исклучително важен, рече Де Лихт пред реваншот на „Алијанц Арена“ против римјаните. дс 

Фото: Фејсбук/Баерн Минхен

Остани поврзан