• вторник, 14 мај 2024

Дејан Колушевски со уште неколку светски познати фудбалски ѕвезди се одмара во селото Орман кај Охрид

Дејан Колушевски со уште неколку светски познати фудбалски ѕвезди се одмара во селото Орман кај Охрид

Охрид, 26 јуни 2023 (МИА) – Шведскиот фудбалски репрезентативец, Дејан Колушевски, кој е роден во Стокхолм, но има македонско потекло, деновиве е на одмор во Охрид, родниот крај на неговите родители.

Колушевски кој е стандарден првотимец на англискиот фудбалски гигант „Тотенхем“, заедено со уште неколку познати фудбалери, меѓу кои неколку играчи на „Стохлолм“ како и фудбалерот на „Брајтон“, Јасин Ајари се во охридското село Орман, на гости кај дедото на Колушевски.

Самиот Колушевски и неговите другари велат дека мошне убаво се чувствуваат во Охрид, дека уживаат во добро јадење и добро друштво, како и дека градот и околината се прекрасно место за одмор по напорните натпревари. аб/ев/

Фото/МИА

 

Остани поврзан