• среда, 27 март 2024

Детското списание „Карделен“ го прослави стотиот број

Детското списание „Карделен“ го прослави стотиот број

Скопје, 27 мај 2023

Вчера вечер со почеток во 19 часот, детското списание „Карделен“ (Кокиче), со програма за деца од основни училишта и помали деца, го прослави својот 100- ти број. На програмата имаше разни точки преку читање на поезии од децата од „Карделен“, како и раскажување на приказни од специјалната гостинка од Турција, Зејнеп Бетул Ајјилдиз.

Уредникот на детското списание, Јелиз Даут Куртиш, на своето обраќање кажа дека е многу тешко да се држи константноста во објавувањето на едно списание толку долго време и дека не е доволно само да се собере екипата за тоа.

- Најголемата поддршка за го достигнеме овој број на објавување ни доаѓа од децата кои секогаш покажуваат голем интерес за „Карделен“, нивните родители, како и од наставниците и наставничките, рече Даут Куртиш.

Претседателот на здружението „Несил“, под чие покровителство и се подготвува списанието, Мухсин Куртиш, раскажувајќи за добрите спомени во сите години на „Карделен“, подвлече дека во време кога процентот на читање е многу мал, да се стигне до сто броја на едно детско списание, само по себе дава голема возбуда.

На програмата беше пуштена и видео снимка од претседателот на државата, Стево Пендаровски, како поздрав до екипата на „Карделен“ заедно со децата што него го посетија во текот на вчерашниот ден.

„Карделен“ е детско списание на турски јазик за деца од 9 до 14 години кое се објавува во земјава од 2009 година. Таа денеска достигнала да допре до сите основни училиште во рамки на државата коишто наставата ја одржуваат на турски јазик.

Детско списание „Карделен“

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Детско списание „Карделен“

Остани поврзан