• понеделник, 23 декември 2024

Детски чевли за скијање се повлечени од српскиот пазар поради опасност од повреда

Детски чевли за скијање се повлечени од српскиот пазар поради опасност од повреда

Белград, 21 март 2024 (МИА) - Детските скијачки чевли за скијање марка Fischer RC4 60 L се повлекуваат од српскиот пазар поради ризик од повреди, соопштија на веб-страницата НЕПРО на Министерството за трговија на Р.Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што наведуваат од НЕПРО, сајт на кој се пријавуваат опасните производи во Србија, се работи за број на моделот: U19123, големина 225 EAN 90002972929021, 235 EAN 9002972928994, 245 EAN 9002972929007, 255 EAN 900297292896.

Земја на потекло на детските чевли за скијање Fischer RC4 60 L е Италија, а увозник за Србија е „Интерспорт С Трговина“ од Белград.

Производот, како што е наведено, се повлекува поради ризици од повреди.

-На овие производи постои можност за неочекувано движење помеѓу чевлите за скијање и стегачите на копчињата. Копчињата можат да се ротираат наназад и да го надминат вистинскиот механизам за задржување, што доведува до лизгање преку школката и повторното ротирање наназад, со што корисникот е изложен на ризик да падне и да се повреди, се наведува во описот на веб-страницата на НЕПРО на министерството за трговија.

Производот, како што е соопштено на веб-страницата, е повлечен од малопродажната мрежа.

-Најавено е повлекување на производот за широка потрошувачка и сите производи ќе се сервисираат, а спорниот дел ќе биде заменет, се прецизира во соопштението. об/сд/

Остани поврзан