• четврток, 26 март 2026

Детска театарска претстава „5+ Бенд концерт“ вечерва на „Охридско лето“

Детска театарска претстава „5+ Бенд концерт“ вечерва на „Охридско лето“

Охрид, 2 август 2025 (МИА) - Програмата на годинешното 65. издание на „Охридско лето“ за денеска ја нуди детската театарска претстава „5+ Бенд концерт“ на ОХО продукција.

Оваа содржина е наменета за најмладата фестивалска публика, со понуда на најголемите хитови на ликовите од детската серија „5+ Фамилија“ кои заедно го сочинуваат популарниот „5+ Бенд“.

На сцената младите ќе можат да ги видат Игор Ангелов, Сања Арсовска, Антонио Ташковски, Дамјан Цветановски, Матеа Јанковска, Марјан Наумов, Изабела Јакимова. 

Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток од 20 часот. аб/вг/

фото/Охридско лето

 

 

Остани поврзан