• недела, 19 мај 2024

„Детска патувачка фолк библиотека" во Кавадарци 

„Детска патувачка фолк библиотека
Кавадарци, 12 јули 2022 (МИА) - Во Вински Музеј за регион Тиквеш - Кавадарци се реализираше проектот „Детска патувачка фолк библиотека", информираа денеска од оваа кавадаречка културна установа. Станува збор за проект од областа на културата и негување на фолклорот и народните музички вредности, во организација на Консалтинг Интер Груп - Медиа Консалтинг и Фолконика. Како што соопштија од Винскиот Музеј, манифестацијата одржана во прекрасниот амбиент во дворот на културната установа, во кавадаречкиот градски парк, понудила богата културна програма. Нагласуваат дека целта е  стекнување нови едукативни содржини, преку негување на фолклорното творештво. Учесниците имале можност да се запознаат со богатото културно наследство во делот на винарството и лозарството во Тиквешијата. свд/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан