• недела, 22 декември 2024

Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата

Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата

16 јуни 2024 

Децата поминуваат премногу време на интернет, а тоа има штетно влијание врз нив, сметаат граѓаните во најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Интересно е што ваквиот став доаѓа од граѓани кои повеќе од две третини велат дека ги користат социјалните мрежи а на интернет дневно поминуваат и по повеќе од 2 часа. 69,4% од граѓаните сметаат дека интернетот негативно влијае врз децата, додека 26,1% сметаат дека има позитивно влијание. Ова прашање го имавме поставено и во ланската анкета и трендот останува сличен иако се бележи благ раст и на оние кои гледаат позитивно но и на оние кои гледаат негативно влијание. Најголемиот дел од граѓаните или 79,6% сметаат дека децата поминуваат премногу време на интернет. Само 10% сметаат дека децата поминуваат соодветно време а има и 5,6% од анкетирани кои се на ставот дека децата поминуваат премалку време на интернет. 86,7% од анкетираните сметаат дека децата треба да имаат ограничено време кое ќе го помимнуваат на интернет, додека само 7,7% сметаат дека тоа не е потребно. 85,1% од анкетираните сметаат дека одредени апликации, игри или социјални мрежи кои не се соодветни за децата треба да се забранат. Најголемиот дел од граѓаните или 25,4% на интернет дневно поминуваат меѓу 1 и два часа. 18% поминуваат под 1 час додека 14,6% на интернет се над 4 часа секој ден. Две третини од граѓаните или 69% рекле дека користат социјални мрежи додека 23,4% рекле дека не ги користат. Очекувано, најмногу корисници на социјални мрежи, меѓу 85 и 90% има кај граѓаните до 50 годишна возраст. Меѓу оние кои имаат над 60 години социјални мрежи коистат само една третина или 31,6%. Граѓаните најчесто користат Фејсбук. 65,3% од анкетираните рекле дека тоа е нивниотпрв избор. Втор избор за 32,5% од граѓаните е Инстаграм. Се користат и Тик-ток, Икс и Јутјуб. Точно две третини од граѓаните сметаат дека социјалните мрежи имаат негативно влијание врз луѓето, додека 24,3% сметаат дека влијанието е позитивно.

Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници, во периодот од 23 до26 мај оваа година.

Анкета на Детектор 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан