• петок, 05 декември 2025

Десетте најдобри матуранти од делчевската гимназија на наградно патување во Малага

Десетте најдобри матуранти од делчевската гимназија на наградно патување во Малага

Делчево, 5 август 2025 (МИА) – Десетте најуспешни матуранти од СОУ „М.М. Брицо“ од Делчево заминаа на наградно патување во Малага, Шпанија, како дел од традиционалната иницијатива на Општина Делчево за наградување на ученици со одличен успех.

Малага беше избрана како дестинација од страна на самите ученици, а патувањето, како што информираа од Општина Делчево го организираше македонска туристичка агенција, по спроведена јавна набавка.

-Учениците веќе ги испратија и првите фотографии и поздрави до своите сограѓани, посочувајќи дека го користат патувањето за дружење, одмор и запознавање со културните и природни убавини на шпанскиот приморски град, информираа од Општината.

Средствата за реализација на ова патување во висина од 300.000 денари беа обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

Општината веќе неколку години по ред ја доделува оваа награда со цел да ги мотивира средношколците да постигнуваат високи резултати во образовниот процес. вс/ар/

Фото:Општина Делчево

Остани поврзан