• петок, 03 јануари 2025

Десетици пациенти и ранети се евакуирани од Газа на лекување

Десетици пациенти и ранети се евакуирани од Газа на лекување

Газа, 31 декември 2024 (МИА) - Десетици пациенти и ранети се евакуирани на лекување надвор од Појасот Газа, опустошен од војната.

Рано утринава 45 пациенти ја напуштија Европската болница во јужниот град Кан Јунис и влегоа преку контролниот пункт Керем Шалом во Израел, од каде ќе заминат на лекување во Обединетите Арапски Емирати, соопштија палестинските здравствени власти.

Министерството за здравство тврди дека неколку илјади Палестинци во Газа имаат потреба од медицински третман во странство. Израел ги контролира сите влезни и излезни точки откако го зазеде јужниот град Рафа во мај.

Израелската офанзива, која започна по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, го уништи здравствениот систем на територијата и ги принуди повеќето болници да се затворат. Оние кои остануваат отворени се само делумно функционални.

Канцеларијата на ОН за човекови права предупреди дека израелските напади врз и околу болниците го доведоа здравствениот систем на Газа „на работ на целосен колапс“ и можеби го прекршиле меѓународното право. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан