• петок, 22 ноември 2024

Десетици илјади луѓе на улиците на Тбилиси

Десетици илјади луѓе на улиците на Тбилиси

Тбилиси, 28 октомври 2024 (МИА) – Десетици илјади Грузијци се собраа вечерва пред парламентот барајќи поништување на парламентарните избори одржани изминатиот викенд.

- Не ги изгубивте изборите, им порача претседателката на земјата Саломе Зурабишвили на демонстрантите кои вееја грузиски и знамиња на Европската унија.

- Ви го украдоа гласот и се обидоа да ја украдат иднината, но никој нема право да го направи тоа и никому нема да му го дозволите тоа, додаде таа.

Зурабишвили, која има главно церемонијална функција, најави дека ќе продолжи да го застапува патот кон Европската унија.

- Немаме алтернатива, сакаме да ја оставиме оваа земја на следните генерации, нагласи таа.

Лидерот на коалицијата Обединето национално движење Гиорги Вашадзе изјави дека опозицијата нема да учествува во никакви преговори со власта и оти ќе се залага за нови избори под меѓународен надзор.

- Нема да влеземе во овој парламент. Ги одбиваме сите мандати. Нема да влегуваме во никакви преговори. Ќе се бориме до победа и ви ветуваме дека заедно сигурно ќе победиме, изјави тој.

Централната изборна комисија на земјата соопшти дека партијата Грузиски сон освоила 54,8 отсто од гласовите на изборите. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан