• недела, 19 мај 2024

Десетина повредени украински туристи во сообраќајна несреќа на северот на Италија

Десетина повредени украински туристи во сообраќајна несреќа на северот на Италија

Трст, 26 август 2023 (МИА) – Најмалку  10 лица се полесно повредени, а три потешко во тешка автобуска несреќа на автопатот А4 во северна Италија, соопштија денеска пожарникарите, додавајќи дека повеќето од нив се туристи од Украина.

Несреќата се случила синоќа откако автобус се судрил со камион, јави противпожарната служба на социјалната мрежа X.

Автобусот главно превезувал украински туристи, меѓу кои и неколку деца, јавија италијанските медиуми.

Според првичните информации, автобусот удрил во задниот дел на камион на автопатот А4 кон Трст, меѓу Латисана и Сан Џорго ди Ногаро, во северниот италијански регион Фриули-Венеција Џулија.

На местото на несреќата се испратени десет противпожарни единици за да ги извлечат патниците од автобусот. Два хеликоптери беа во подготвеност за транспорт на повредените во болница, а вклучена е и цивилната одбрана.

Поради несреќата сообраќајот е во прекин, а возачите кои пристигнувале од правец на Венеција морале да излезат од автопатот кај Латисана. сд/

фото:Х

Остани поврзан