• сабота, 18 мај 2024

Дербито Ајакс – Феенорд продолжува в среда без навивачи

Дербито Ајакс – Феенорд продолжува в среда без навивачи

Хаг, 25 септември 2023 (МИА) – Холандското фудбалско дерби меѓу Ајакс и Феенорд, кое беше прекинато вчера поради инциденти предизвикани од навивачите, ќе продолжи в среда без присуство на навивачи.

Натпреварот беше прекинат во неделата во 56. минута кога при водство на Феенорд од 3-0 навивачите на Ајакс предизвикаа инциденти фрлајќи на теренот безброј факели и димни бомби.

Фудбалската федерација на Холандија соопшти вечерва дека натпреварот ќе продолжи в среда од 14 часот без навивачи на трибините, а дуелот меѓу Ајакс и Волендам, кој требаше да се одигра в среда, е одложен.

Ајакс најави дека ќе вложи жалбата на одлуката на фудбалските власти, настојувајќи прекинатиот натпревар против Феенорд да биде закажан за почетокот на ноември, поради, како што наведе, згуснатиот распоред. ег/мс/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан