• сабота, 15 јуни 2024

Депај заврши со Атлетико Мадрид

Депај заврши со Атлетико Мадрид

Мадрид, 22 мај 2024 (МИА) - Атлетико Мадрид и Мемфис Депај многу брзо ќе се разделат, тврдат шпанските медиуми и стручњакот за трансфери, Фабрицио Романо.

Договорот на холандскиот интернационалец е до крајот на јуни и може да биде продолжен под одредени услови. Претставниците на Атлетико и Мемфис преговарале за нов договор, но на крајот не постигнале договор.

Се уште не е јасно каде ќе ја продолжи својата кариера 30-годишниот напаѓач, кој ќе стане слободен играч. Оваа сезона, Депај запиша 31 настап за Атлетико, постигнувајќи 9 голови и 2 асистенции.

Се очекува на лето „јорганџиите“ да ги напуштат и Марио Хермосо и Стефан Савиќ. дс

Фото: Архива

Остани поврзан