Ден без автомобили во Кавадарци
- Со возење велосипеди, во Кавадарци беа одбележани Европската недела на мобилност што се одржува од 16 до 22 септември, како и Денот без автомобили. Настанот го реализираше Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Кавадарци, во соработка со основното општинско училиште „Тошо Велков Пепето" од овој град и Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Кавадарци, 22 септември 2025 (МИА) - Со возење велосипеди, во Кавадарци беа одбележани Европската недела на мобилност што се одржува од 16 до 22 септември, како и Денот без автомобили. Настанот го реализираше Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Кавадарци, во соработка со основното општинско училиште „Тошо Велков Пепето" од овој град и Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

- Организиравме возење на велосипед на учениците од шесто одделение под менторство на професорот по физичко образование Македонка Николова, најпрвин на полигон во училиштето, а потоа по кејот на реката. Од наша страна на сите возачи на велосипед им поделивме флаери и брошури и имаше и наградна игра, со цел што повеќе да поттикниме управување на велосипед, за екологија и за здрава и чиста животна средина, посочија од кавадаречкиот Совет.
Оттаму најавија и низа други активности, за зголемување на свеста и безбедноста во сообраќајот. свд/
Фото : Фејсбук на Општински Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Кавадарци