• петок, 22 ноември 2024

Денови на млекото и кооперативното здружување

Денови на млекото и кооперативното здружување

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - По повод Светскиот ден на млекото - 1 јуни, Здружението заштита на правата на тутунарите и останатите земјоделски производители на руралните средини на пелагонискиот регион ЕКО ТАБАК Битола, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, организира „Денови на млекото и кооперативното здружување“.

На настанот ќе присуствуваат повеќе млекопроизводители од Пелагонискиот регион, како и Благојче Веселиновски, претставник од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Целта на настанот е да се согледаат актуелните состојби во млекопроизводството, мерките кои ги презема Владата и моменталните предизвици и придобивки.

Проектот „Денови на млекото и кооперативното здружување“ е манифестација која има за цел да го зајакне континуираното дејствување во повеќе насоки: здружување на фармерите, нивна советодавна поддршка, подигнување на квалитетот на млекото, напредок и континуиран, долгорочен бенефит.

-Здружувањето на фармерите во земјоделски задруги е битно за да се постигне одржливост на млекопроизводството и подобрување на рентабилноста на сточарството. Посебно внимание МЗШВ посветува на примарното производство, подобрување на квалитетот на суровото млеко и поттикнување на млечната индустрија. Млекопроизводството како еден од поважните сегменти во агроиндустријата, зазема и важно место во креирањето на политиките за развој на земјоделството, а организирањето на оваа манифестација придонесува за одржлив и организиран пристап во спроведувањето на мерките кои произлегуваат од нашето законодавство и ЕУ регулативата. Токму затоа, здружувањето на фармерите во земјоделски задруги е важно за да се постигне одржливост на млекопроизводството и подобрување на рентабилноста на сточарството, а токму преку оваа манифестација и кооперативното здружување се трасира добар пат на спроведување на соодветните начини на дејствување кои водат кон реализација на поставената цел, се наведува во најавата. мч/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан