• среда, 25 декември 2024

Демири и Манолева: Болницата „Св.Еразмо“ во Охрид пример за вложувања во нова опрема и зајакнување на кадарот

Демири и Манолева: Болницата „Св.Еразмо“ во Охрид пример за вложувања во нова опрема и зајакнување на кадарот

Охрид, 28 март 2024 (МИА) - Министерот за здравство, Илир Демири заедно со заменик-министерката, Маја Манолева, во рамки на денешната работна посета на Охрид беа и во пецијализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, каде изминатите неколку години се реализирани бројни инвестиции во нова медицинска опрема, инфраструктурни проекти, како и континуирано зајакнување на кадарот.

„Една од најзначајните инвестиции во нова опрема е апаратот за магнетна резонанца во вредност од 1.2 милион евра, обезбеден  со поддршка од Европската унија. Исто така, преку ИПА проектот набавени се повеќе апарати во вредност од 150 илјади евра и тоа апарат за артроскопија, ЕЕГ-ЕМГ апарат, ЕХО апарат стационарен и мобилен, пациент-монитори, како и апарати за физикална терапија. Покрај вложувањето во нова опрема во насока на унапредување на квалитетот на здравствената заштита, оваа установа е пример и за континуирано зајакнување на кадарот. Само во изминатите неколку години се реализирани вкупно 73 нови вработувања“, рече министерот Демири по средбата со раководството на здравствената установа.

Заменик-министерката Манолева потсети дека во установата е реализирана и реконструкција на постојниот базен за физикална терапија во вредност од 125 илјади евра, како и доопремување со хидрауличен лифт, кади за физикална терапија и апарат за крио-терапија во вредност од околу 40 илјади евра.

„Овие проекти се реализирани со поддршка од Центарот за Југозападен плански регион, Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа. Во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија ‘Св.Еразмо’ во Охрид се вработени вкупно 221 лице, а во моментот девет доктори се на специјализација. Во болницата се реализираат над 1.600 хируршки интервенции и над 65 илјади амбулантски прегледи на годишно ниво, рече Манолева. аб/са/

фото/Министерство за здравство

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан