Дел од централното градско подрачје на Дебар утре повеќе часа без струја
- Дел од централното градско подрачје на Дебар утре шест и пол часа ќе биде без напојување со електрична енергија.
Дебар, 15 април 2025 (МИА) - Дел од централното градско подрачје на Дебар утре шест и пол часа ќе биде без напојување со електрична енергија.
-Утре, 8 мај, во периодот од 9:00 до 15:30 часот, ќе има планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од Централното градско подрачје на Дебар, информираше Регионалниот центар за управување со кризи- Дебар.
Според објавата, струја нема да има Чаршијата, после градскиот амам, како и улиците "ЈНА", "Лиман Каба" и "1-ви Мај".
- Прекинот е поради планирани технички зафати на електро-мрежата. Ги замолуваме граѓаните за разбирање и препорачуваме навремено прилагодување на дневните активности, се наведува во објавата. вт/аа/
Фото: МИА