• четврток, 26 март 2026

Дел од Центар и хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ утре без вода

Дел од Центар и хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ утре без вода

Скопје, 12 септември 2025 (МИА) - Без вода утре од 8:00 часот ќе останат корисниците на потегот од Собрание до булевар „Кочо Рацин“ и дел од Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ - Скопје. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект од Ф-275 милиметри на булевар „11 Октомври“ без број, кај Зелен пазар во населба Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/лв/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан