• петок, 05 декември 2025

Дел од Скопје без вода

Дел од Скопје без вода

Скопје, 17 ноември 2025 (МИА) - Поради промена на три затворачи на улицата „Франклин Рузвелт“, без вода за пиење во текот на денешниот ден ќе бидат неколку улици, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Водоснабдувањето било прекинато за корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“, „Рампо Левката“ и „Дрезденска“, како и домот „Здравко Цветковски“.

- Поради технички причини, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од улиците „Владимир Полежиновски“ и „Мирче Оровчанец“, додадоа од претпријатието.

Оттаму посочија дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. бд/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан