• среда, 16 септември 2026

Дел од Севастопол на Крим без струја по украински напад врз електроенергетската инфраструктура

Дел од Севастопол на Крим без струја по украински напад врз електроенергетската инфраструктура

Москва, 14 јули 2026 (МИА) - Дел од Севастопол што се наоѓа на Кримскиот Полуостров, остана без електрична енергија во текот на ноќта по голем напад на украинските сили врз енергетската инфраструктура на градот, соопшти рускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развожаев.

„Како резултат на голем напад на непријателот врз нашата енергетска инфраструктура, дел од градот остана без снабдување со електрична енергија. На објектите е воведен посебен режим, експертите го проценуваат обемот на штетата. Сите итни служби се во целосна готовност“, напиша Развожаев на платформата „Макс“.

Во текот на ноќта, руските власти поради опасност од напади со беспилотни летала повеќепати привремено затвораа и повторно отвораа неколку аеродроми, меѓу кои оние во Волгоград и Сочи. аб/сд

фото/МИА архива