• сабота, 27 јули 2024

Дел од Припор и Ракотинци без вода

Дел од Припор и Ракотинци без вода

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Без вода денеска од 9:30 часот се дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“, крак 21. 

Како што соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ -  Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улица „Христо Татарчев“ 21/5а. 

Поради уличен дефект на улица „1“ број 4 во село Ракотинци, општина Сопиште, денеска од 9:50 часот без вода се дел од жителите од ова село. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со санација на дефектите. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан