Дел од Припор без вода
- Без вода денеска од 12 часот се корисниците од прва зона во населбата Припор, општина Кисела Вода.

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Без вода денеска од 12 часот се корисниците од прва зона во населбата Припор, општина Кисела Вода.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица од Ф-80 милиметри на улица „Христо Татарчев“ 19а во населба Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/са/
Фото: МИА архива