Дел од Општина Бутел утре без вода
- Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, утре од девет часот без водоснабдување ќе останат корисници од Општина Бутел, инфомираат вечерва од Регионалниот центар за управ

Скопје, 3 јануари 2022 (МИА) - Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, утре од девет часот без водоснабдување ќе останат корисници од Општина Бутел, инфомираат вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје.
- Поради дефект на затворач ф-100 мм на улицата „Бутелска“ без број, во близина на расадник Радишани, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица - парните краци број 2, 4 и 6 и непарните од број 1 до 21, појаснуваат од РЦУК.
Според податоците добиени од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со интервенцијата на дефектот. бд/aa/