• петок, 20 септември 2024

Дел од Карпош денеска без вода

Дел од Карпош денеска без вода

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Дел од скопската населба Карпош денеска ќе биде без вода, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

-На ден 20.09.2024 поради уличен дефект од Ф-200мм на ул. „Бледски договор“ раскрсница Карпошево Востание во населба Карпош 3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Бледски договор“ (потегот од Карпошево востание до Бул.Илинден), дел од „Карпошево Востание“, „Драгиша Мишовиќ“,„Трифун Пановски“, „Роберт Кох“,и со намален притисок ке биде Воена Болница, соопштија од „Водовод“.

Оттаму додаваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до санирање на дефектот. нд/дма/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан