Дел од Долно Лисиче денеска без вода
- Корисниците од Долно Лисиче денеска ќе имаат прекинато водоснабдување поради уличен дефект на улицата „1/31“ во населбата.

Скопје, 28 јуни 2023 (МИА) - Корисниците од Долно Лисиче денеска ќе имаат прекинато водоснабдување поради уличен дефект на улицата „1/31“ во населбата.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до завршување со санација на дефектот.вј/са/
Фото: МИА архива