• петок, 22 ноември 2024

Делчево се подготвува за одбележување на Светскиот ден на водите

Делчево се подготвува за одбележување на Светскиот ден на водите
Делчево, 14 март 2022 (МИА) - Делчево се подготвува за одбележување на Светскиот ден на водите. Во рамки на настанот предвиден е избор на најдобра фотографија од Делчево и Брегалничкот регион на тема „Вода за живот“, како и натпревар –штафетна трка за ученици од основните училишта. -Ова се дел од активностите кои се подготвуваат во рамките на Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, финансиран од Швајцарската Влада, а со цел одбележување на Светскиот ден на водата, 22 Март. Преку овој настан Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“ со Проектниот тим имаат за цел подигање на свеста на населението за прашањата поврзани во водата, промоција на Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, како и мотивирање на граѓаните за совесно однесување со водата и природните ресурси, истакнаа од Општината. Конкурсот за избор на најдобра фотографија на тема „Вода за живот“ е веќе објавен на општинската веб-страница и на него можат да аплицираат заинтересираните аматери и лица од сите возрасни групи на кои фотографирањето им е хоби. -Рокот за доставување на апликациите е продолжен до 20 март, а штафетната трка е планирана да се одржи на 22 март (вторник) во 12 часот на спортското игралиште во ООУ „Ванчо Прке“. За таа цел деновиве се формираат тимови од ученици кои треба да истрчаат патека од 100 метри, а натпреварувачите во рака ќе носат и сад со вода. Сите натпреварувачи од тимот кој ќе биде најбрз, но и ќе има најголема количина на вода во садот, ќе бидат наградени. Доколку различни тимови имаат иста брзина, ќе биде награден тимот со повеќе вода во садот, додадоа организаторите. Во рамки на настанот талентираните ученици за ликовна уметност ќе творат на темата „Вода за живот“, во чии рамки ќе бидат доделени и трите награди за најдобра фотографија на тема „Вода за живот“. вс/вј/

Остани поврзан