• четврток, 04 декември 2025

Делови од Крњево и Моране утре без вода

Делови од Крњево и Моране утре без вода

Скопје, 28 април 2025 (МИА) - Без вода утре од 9 часот ќе бидат дел од жителите на населбите Крњево и Моране. 

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, корисниците од Крњево ќе бидат без вода поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на булевар „Гоце Делчев“ без број. 

Поради дислокација на пумпен дел во ПС Моране, утре од 9 часот ќе бидат исклучени пумпите, а прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од викенд населбата Моране. Планирано време со завршување на дислокацијата е 30 април 2025 година. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан