• четврток, 26 март 2026

Делови од Аеродром и Центар утре без вода

Делови од Аеродром и Центар утре без вода

Скопје, 11 септември 2025 (МИА) - Без вода утре од 8:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Пандил Шишков“ висока зона, од број 1 до број 49, „Вангел Тодоровски“, „Руди Чаевац“ и Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром.

Како што информира РЦУК - Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улица „Пандил Шишков“ 9. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Поради изведување водоводен приклучок на улица „Мирче Ацев“, утре од 8:30 часот без вода ќе останат корисниците од булевар „Кочо Рацин“, „Славко Јаневски“ (по старо „Стив Наумов“), „Тетовска“, „Славе Георгиевски - Шнајдерот“ и дел од булевар „Крушевска Република“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/сст/

Фото: МИА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан