• петок, 22 ноември 2024

Делегација од Општина Берово дел од меѓународниот фолклорен фестивал „Малешево пее и танцува“ Микрево 2022

Делегација од Општина Берово дел од меѓународниот фолклорен фестивал „Малешево пее и танцува“ Микрево 2022
Берово, 9 октомври 2022 (МИА) - Делегација на Општина Берово претстојува на 17 Меѓународен фолклорен фестивал „Малешево пее и танцува“ Микрево 2022 кој се одржува во Општина Струмјани,  Република Бугарија, информираа од Општината. -Присуството на фестивалот се реализира на покана на градоначалникот на општина Струмјани, г-дин Емил Илиев, како резултат на долгогодишното партнерство и традиционално добрите односи, меѓу двете соседни погранични општини. На фестивалот  учествуваат повеќе од 800 изведувачи од Југозападна Бугарија, Република Северна Македонија, Република Србија и Црна Гора, а Берово се претставува од страна на Културно-уметничкото друштво при Домот на култура „Димитар Беровски“ како и Староградскиот тамбурашки оркестар, истакнаа од Општината. Претходно во насока на продлабочување на сораборката помеѓу двете општини, како што додадоа се одигра и пријателски фудбалски натпревар помеѓу ФК „Малеш“ Берово и истоимениот фудбалски клуб од Микрево. -Околу 20 фудбалери од сениорската екипа на ФК „Малеш“ од Берово, одиграа пријателски фудбалски натпревар, со екипа од истоимениот клуб од с. Микрево, Република Бугарија. Се надеваме дека соработката и на полето на спортот ќе продолжи и понатаму, додадоа од Општината. Фудбалскиот натпревар помеѓу двете екипи заврши со резултат 0:3 во полза на Беровчани. вс/аа/

Остани поврзан