• петок, 04 октомври 2024

Делегација на УЈП учествуваше на билатералниот скрининг за поглавјето Оданочување

Делегација на УЈП учествуваше на билатералниот скрининг за поглавјето Оданочување

Скопје, 25 март 2023 (МИА) - Делегација на Управата за јавни приходи предводена од директорката Сања Лукаревска, заедно со претставници на Министерството за финансии и на Царинската Управа,  учествуваа на  билатералниот скрининг за Поглавје- 16 Оданочување. Во ова поглавје, УЈП е носител на областа 16.4 - Оперативен капацитет и компјутеризација.

На состаноците се  презентираа главните принципи на даночниот систем на РСМ , организацијата на даночната администрација и нејзините  функции, соработката и размената на податоците со другите даночни администрации за цели на даночната постапка, како и сите досегашни активности во различните области од работата на даночната администрација по однос на подготовките за членство во Европската Унија.

Македонската делегација на првиот билатерален скрининг за оваа поглавје, ги претстави и идните планови и институционалните капацитети за спроведување на овие значајни реформски промени, плановите за борбата против корупцијата беа идентификувани и областите во кои има потреба за забрзана интеграција во делот на оданочувањето и прилагодувањето на законодавството на РСМ  со европските директиви.

-Презентациите беа одлично оценети а препораките и заклучоците кои произлегуваат од истите ќе ги одредат и понатамошните активности на преговарачката структура и следните чекори во пристапниот процес, информира УЈП.лв/

фото УЈП

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан