• недела, 22 декември 2024

Делегација на ЕУ во неколкудневна посета на градот Скопје - Европската престолнина на културата 2028

Делегација на ЕУ во неколкудневна посета на градот Скопје - Европската престолнина на културата 2028

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Град Скопје е домаќин на делегација на Европската Унија која е во неколкудневна посета на градот Скопје - Европската престолнина на културата 2028.   

На средбата, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска пред делегатите ја претставила визијата и програмата која предизвика огромен интерес во Европската Унија, а на Скопје му ја донесе престижната титула, од која бенефит ќе имаат сите граѓани, пред се од можностите за соработка меѓу градовите во регионот за развој на културата, локалниот економски развој, туризмот и уметноста.

- Франческо Калеприко, раководител на Одделот за координација во ЕУ, посочи дека високо достигнување е прогласувањето на Скопје за Европска престолнина на културата 2028, успехот на тимот што работел на овој проект е голем и титулата е валоризација на нивниот труд, се наведува во соопштението.

Делегација од Брисел од која дел беа Џулијано Ена, Раководител на сектор во ЕЕАС и Гкелис Николаос од Советот на Европската Унија во текот на наредните денови ќе посети повеќе културно историски знаменитости во Скопје и, како што е најавено, ќе се запознае со неговото богатото културно наследство и институциите од областа на културата. цр/нд/

Фото: Град Скопје

 

Остани поврзан