• четврток, 02 мај 2024

Делегација на Демократскиот сојуз положи цвеќе пред вечното почивалиште на Гоце Делчев

Делегација на Демократскиот сојуз положи цвеќе пред вечното почивалиште на Гоце Делчев

Скопје, 4 февруари 2023

Делегација на Демократскиот сојуз, предводена од претседателот на ДС, Павле Трајанов, денес положи цвеќе пред гробот на Македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Идеите и делата на Гоце Делчев  за самостојна и независна Македонија  се вградени во кодот на сите Македонци, каде и да се.

Гоце е нашиот симбол за вековната борба на  македонскиот народ за самостојна и демократска држава, каде без разлика на религиската или етничката припадност можат да живеат заедно, сплотени и обединети со мислата на Гоце Делчев: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар помеѓу народите".

Гоце оставил силни идеи и дела, затоа имаме должност да ги афирмираме и надоградуваме.

Павле Трајанов жали што немаше можност да даде изјава пред новинарите и што одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев се одбележува под силно полициско обезбедување и што граѓаните не можеа слободно да се движат и да  оддадат почит кон македонскиот великан.

Демократски сојуз

 __________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан