• недела, 24 ноември 2024

Девет чамци со 572 луѓе пресретнати во Ла Манш

Девет чамци со 572 луѓе пресретнати во Ла Манш

Лондон, 10 ноември 2024 (МИА) – Девет чамци со 572 лица беа пресретнати додека го преминувале Ла Манш вчера, соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работи.

Со ова вкупниот број на мигранти што пристигнале досега годинава достигна 32.691, што е за 22 проценти повеќе во однос на истото време минатата година (26.699), но сепак за 18 отсто помалку од регистрираните до ноември 2022 година (39.929).

Последните премини доаѓаат во време кога британскиот премиер Кир Стармер најави нова иницијатива за пресретнување на криминални банди кои шверцуваат мигранти низ Западен Балкан, како дел од напорите да се намали бројот на премини со мали бродови.

Стармер најави договори за зајакнување на размената на разузнавачки информации, експертизата и соработката со Србија, Северна Македонија и Косово на состанокот на Европската политичка заедница во Будимпешта. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан