Девет Македонци ќе настапат на турнирт на Европската пинг-понг федерација
Скопје, 15 ноември 2025 (МИА) – Девет македонски пингпонгари од 26 - 30 ноември ќе настапат на Меѓународен турнир во Беочин, Србија
Сара Ризовска, Кристијан Каламадевски, Бојана Јовевска, Јован Пармачки, Матеја Смолиќ, Мартин Ристески, Давид Јоноски, Калина Митева и Кристијан Митев ќе настапат во категориите до 13 и до 15 години.
- Ова е уште еден предизвик за најмладите пинг-понг надежи, а учеството е дел од инвестирањето на Македонската пинг-понг федерација во младите кадри и иднината на спортот, соопштија од федерацијата.
Натпреварувањето во Беочин е дел од серија на Европската пинг-понг федерација. зс/
Фото: МТТА