• вторник, 17 декември 2024

Деветнаесет украински војници загинаа на церемонија на доделување награди

Деветнаесет украински војници загинаа на церемонија на доделување награди

Киев, 6 ноември 2023 (МИА) – Во руски ракетен напад за време на доделување награди загина а 19 украински војници на 128. Специјализирана планинска јуришна Задкарпатска бригада, соопштија од оваа единица на украинската армија. 

Оттаму додаваат дека во нападот, што бил изведен на 3 ноември во областа Запорожје, загинале најдобрите војници и дека се води темелна истрага за околностите на трагедијата, пренесува агенцијата Униан. 

Украинскиот пратеник Михаило Волинец претходно објави дека во нападот загинале 28 војници, а над 50 биле ранети. 

Украинските медиуми претходно јавија дека руските сили на 3 ноември истрелале ракета „Искандер-М“ врз војниците на 128-та бригада на вооружените сили на Украина во близина на селото Заречное, во Запорошката област, за време на церемонија на доделување награди по повод Денот на артилеријата.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека наредил истрага и дека одговорните ќе бидат казнети.сд/

Остани поврзан