• среда, 24 јули 2024

Дебата ,,Обединето против насилството врз жените и девојчињата" во Берово

Дебата ,,Обединето против насилството врз жените и девојчињата

Берово, 7 декември 2023 (МИА) - Општина Берово се вклучи во кампањата „16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“. Во рамки на активностите кои се реализираат со поддршка на ЕУ/Совет на Европа, Ромактед програмата втора фаза, во салата на Советот на Општина Берово вечерва се одржа работилница под слоганот „Обединето инвестирајте, за да го спречиме насилство врз жените и девојчињата “. 

-На работилницата со свои излагања зедоа учество институциите на локално ниво, кои се директно вклучени во процесот за постапување по пријави за насилство: Меѓуопштински центар за социјална работа – Берово, Полициската станица во Берово, претставници од Советот на Општина Берово, од комисијата за еднакви можности, преставници од ОСУ „Ацо Русковски" и претставници од средношколската заедница, информираа од Општината.

Присутните на работилницата имаа можност да разговараат, да постават прашања и да отворат дискусија во однос на подигање на свеста за семејното и родово базираното насилство.

-Меѓу другото присутните можеа и да се едуцираат за новата апликација за пријавување на семејно насилство на МТСП и УНДП , ,,биди безбедна", која може да се инсталира на паметните телефони. Од состанокот произлегоа многу конструктивни предлози, особено корисни за младите, додадоа од Општина Берово

Во наредниот период како што додадоа оттаму едукацијата на споменатата тема ќе продолжи преку организирани работилници и едукативни кампањи. вс/вг/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан