• недела, 22 декември 2024

Дебата за засилување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици

Дебата за засилување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Панел дискусија насловена „Засилување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици“, ќе се одржи денеска во Скопје во организаицја на Институт Охрид.

Целта на дискусијата, како што наведуваат од Институтот, е зајакнување на соработката помеѓу различните институции во процесот на проценка на изборните ризици пред претстојните избори, како и да ги информира граѓаните и јавноста за значењето и улогата на соработката помеѓу институциите во изборниот процес. 

Од организаторот на панелот најавено е учество на Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење, на министрите за внатрешни работи Панче Тошковски, и за правда Кренар Лога, Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер во Министерство за информатичко општество и администрација, Александар Даштевски претседател на Државна изборна комисија, јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, Максим Ацевски, главен државен ревизор во Државниот завод за ревизија, Татјана Димитровска, претседателка на Државна комисија за спречување на корупцијата и Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Настанот претставува сегмент од нашата континуирана посветеност на подобрување на изборниот процес во нашата земја уште од 2014 година, кога го организиравме потпишувањето на првата Декларација за фер и слободни избори и против говор на омраза. На настанот свое обраќање ќе имаат одговорните лица на институциите со ингеренции во изборниот процес. Тие ќе имаат можност да ги споделат своите искуства и практики во врска со работата на институцијата со која раководат, улогата на истата во изборниот процес и потенцијалните ризици за претстојните избори, наведуваат од Институтот. вг/лв/

Фото: МИА Архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан