• среда, 09 октомври 2024

Дебарските каратистки Коџа и Горенца обезбедија учество за Светското првенство во Венеција

Дебарските каратистки Коџа и Горенца обезбедија учество за Светското првенство во Венеција

Дебар, 8 септември 2024 (МИА) - Дебарските каратистки, членки на карате клубот „Дибра“ забележаа уште еден голем успех обезбедувајќи учество на Светското првенство. 

- На плејоф натпреварите што се одржаа во Кичево прво место освоија каратистките Ера Коџа и Блина Горенца, откако претходно покажаа одличен резултат на државното првенство, рече за МИА, Дурим Пачуку, тренер на клубот и на македонската репрезентација.

Додаде дека Коџа и Горенца, со македонската репрезентација ќе учествуваат на Светското првенство што ќе се одржи од 9 до 13 октомври во Венеција, Италија.

Градоначалникот Хекуран Дука преку Фејсбук го честиташе успехот на КК „Дибра“ нагласувајќи дека како локална власт ќе продолжат со поддршката и за овој и за сите други спортски клубови. вт/ар/
Фото: КК „Дибра“ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан