• недела, 22 декември 2024

Дебарската ТППЕ лани ималa 98 интервенции, со мала материјална штета

Дебарската ТППЕ лани ималa 98 интервенции, со мала материјална штета

Дебар, 11 јануари 2024 (МИА) - Дебарската територијална противпожарна единица (ТППЕ), минатата година евидентирала 98 интервенции, што е за 28 интервенции помалку споредено со претходната година.

- Во годината што е зад нас имавме 98 интервенции, од кои 81 се пожари. Поконкретно од вкупниот број пожари, 58 на отворен простор, 19 на објекти и четири на сообраќајни средства. Останатите 17 се технички интервенции. Она што посебно сакам да го наведам е фактот што причинетата материјална штета е многу мала, како резултат на нашата опременост и подготвеност за брза интервенција, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на Територијалната противпожарна единица.

Додава дека во последните години бројот на интервенции се намалува. Така, во 2021 година имале 128, а следната година 126 интервенции.

Четиринаесетте дебарски пожарникари, освен во општина Дебар, интервенираат и во општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река, но по потреба, од хуманитарен аспект, интервенираат и во пограничниот појас на албанска страна. Тоа е во рамки на воспоставената соработка меѓу општините, Дебар и Пешкопеја, каде минатата година имале една интервенција, во пограничното село Војника.

Имајќи предвид дека се наоѓаме во период на грејна сезона, Мифтароски го повторува апелот до граѓаните редовно да ги чистат оџаците, бидејќи години на ред тие се главната прична за пожари на објекти. вт/цр

Фото: МИА

Остани поврзан