Две семејни насилства пријавени синоќа во полиција
- Две семејни насилства биле пријавени доцна синоќа во полиција, едното се случило во семеен дом во Скопје, а другото во угостителски објект во Богданци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 8 септември 2025 (МИА) - Две семејни насилства биле пријавени доцна синоќа во полиција. Едното се случило во семеен дом во Скопје, а другото во угостителски објект во Богданци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
- Во 21:15 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, 30-годишна скопјанка пријави дека на 6 септември околу 17 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и малолетната ќерка биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер В.М., на 40-годишна возраст, се наведува во соопштението.
Подоцна, во 23:15 часот во Полициската канцеларија - Богданци, 35-годишна жена пријавила дека околу 21:40 часот во угостителски објект во градот била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т., 43-годишен богданчанец, со кого се во бракоразводна постапка.
Во соопштението се додава дека се преземаат мерки за расчистување на случаите. бд/бак/
Фото: МИА архива