• сабота, 18 мај 2024

Две седници на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Две седници на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе одржи две седници. 

Членовите на Комисијата ќе имаат средба со слушателите со чин потполковник/полковник на Сениорскиот курс на НАТО Одбранбениот колеџ во Рим, Република Италија.

Потоа на 55. седница на Комисијата, пратениците треба да ја разгледаат Информацијата за потребата на доделување на договор влада со влада за обезбедување на резервни делови по програмата Cooperative Logisitic Supply Support (CLLSA), помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави со склучување на договор влада со влада. ев/мд/
  

Остани поврзан