• недела, 22 декември 2024

Две седници на собраниската Комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите

Две седници на собраниската Комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите денеска треба да одржи две седници. Во рамки на првото продолжение од втората седница, Комисијата ќе одржи јавна расправа за рамноправноста на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд.

Како што е најавено од собраниската прес-служба, на јавната расправа, поканети се сите пратеници на Собранието, претседателката на државата, претставници од Владата, Државниот завод за ревизија, Сојузот на стопански комори, Факултетот за земјоделски науки и храна, Комисијата за заштита и спречување од дискриминација, единиците на локална самоуправа, Заедницата на единиците на локална самоуправа, како и претставници на невладините и меѓународните организации во земјава.

По завршување на јавната расправа планирано е да се одржи третата седница на оваа комисија, на која на дневен ред е предлогот за одржување јавна расправа на тема „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“. бд/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан