Две први места за учесници од Охрид на Меѓународниот Бреинобреин натпревар одржан во Швајцарија
- Теона Блажески и Иван Котевски од Центарот за развивање животни вештини (Бреинобреин) при Општинската организација на Црвениот крст од Охрид освоија највисоки признанија на 14-от Интернационален Бреинобреин натпревар што се одржа во Швајцарија.
Охрид, 18 септември 2025 (МИА) - Теона Блажески и Иван Котевски од Центарот за развивање животни вештини (Бреинобреин) при Општинската организација на Црвениот крст од Охрид освоија највисоки признанија на 14-от Интернационален Бреинобреин натпревар што се одржа во Швајцарија.
Тие во мошне силна конкуренција од над 400 учеснции од целиот свет успеаја да освојат прво место односно да се закитат со највисоките трофеи.
Од Црвен крст - Охрид посочуваат дека 15-годишното искуство, резултатите од имплементацијата на Бреинобреин програмата и етаблираноста на охридскиот центар во светски рамки само се поттик за натамошна промоција на уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини што ги дава Бреинобреин програмата.
„Импементацијата на програмата од страна на високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на програмата, преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) помагаат децата на возраст од 4-14 години да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно. Преку Бренобреин програмата децата стекнуваат, ги развиваат и потврдуваат своите способности за концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми“, велат од Црвен крст - Охрид.
Jубилејот 15 години од работата на Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин при Црвен крст Охрид ќе биде одбележан на свеченост што е закажана за вечерва. аб/дма/
фото: МИА архива