• петок, 05 декември 2025

Две лица загинаа во сообраќајкa на магистралата Гостивар-Кичево

Две лица загинаа во сообраќајкa на магистралата Гостивар-Кичево

Гостивар, 5 јануари 2024 (МИА) - Две лица ги загубија животите од повреди задобиени во сообраќајната несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Гостивар - Кичево во близина на каменоломите, информираат од СВР Тетово.

Сообраќајната несреќа била пријавена утрово (5 јануари) во 7 часот и 10 минути на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации (каменоломи).

- Во сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од Е.З (42) од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане. Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош, наведува Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.

Повеќе од два часа заради увид на местото, сообраќајот беше во прекин во двата правци. згм/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан