• понеделник, 21 октомври 2024

Две карневалски групи од Струмица учествуваа на Меѓународниот карневал во Врњачка Бања, Србија

Две карневалски групи од Струмица учествуваа на Меѓународниот карневал во Врњачка Бања, Србија

Струмица, 17 јули 2023 (МИА) - Карневалските групи на СOУ „Јане Сандански“ и ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица учествуваа на Меѓународниот карневал што се одржа викендов во Врњачка Бања, Србија.

На манифестацијата струмичките карневалисти се претставија со маските „Тик-Ток“ и „Струмичка корида“, а на карневалот учествувале 30 странски и домашни групи.

-Нашиот настап пред многубројната публика беше еден од позабележителните, а квалитетното ниво на креативни маски, по кое карневалските групи од Струмичкиот карневал се надалеку познати беше уште еднаш потврдено, беше уште еднаш потврдено, информираа од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

Оттаму додаваат дека биле остварени повеќе контакти и добиле покани за продолжување и продлабочување на соработката со повеќе карневали од регионот, вклучително и со Карневалот во Врњачка Бања, во чии успешни изданија и етаблирање во семејството на европски карневалски градови ( FEEC) своја улога има и Струмичкиот карневал.рт/цр

Фото: ОО на Струмички карневал

Остани поврзан