Две жртви во руски напад врз регионот на Киев
- Две лица загинаа во руски воздушен напад во текот на ноќта врз Киев и регионот, соопштија денеска украинските власти.
Киев, 5 јануари 2026 (МИА) – Две лица загинаа во руски воздушен напад во текот на ноќта врз Киев и регионот, соопштија денеска украинските власти.
Украинската Државна служба за вонредни состојби соопшти дека во нападот бил запален медицински центар во областа Оболонски во северниот дел на Киев.
Откако пожарот бил изгаснат, внатре било пронајдено тело, додаде службата.
Една жена е повредена, а 25 лица биле евакуирани, соопшти службата преку социјалните мрежи.
Русија, исто така, нападнала градови и села низ целата област на Киев, оштетувајќи куќи и клучна инфраструктура, а во нападот загинал цивил во областа Фастив, југозападно од главниот град, соопшти гувернерот на регионот Микола Калашник на Телеграм.
Мали делови од регионот останале без струја, додаде Калашник.
Засега нема коментари од Русија. Двете страни негираат дека во своите напади таргетираат цивили. јт/сд/
Фото: Државна служба за вонредни состојби на Украина