• понеделник, 23 декември 2024

Две девојчиња повредени во напад со нож пред училиште во Франција, напаѓачот уапсен

Две девојчиња повредени во напад со нож пред училиште во Франција, напаѓачот уапсен

Париз, 18 април 2024 (МИА) - Две девојчиња на возраст од 6 и 11 години се повредени денеска во напад со нож во близина на нивното училиште во источниот француски град Суфелверсхајм, јавија француските медиуми.

Според жандармеријата, 11-годишното девојче било рането со нож пред училиштето, а другото на блискиот плоштад. 

Двете имале „површни повреди“ и итно биле примени на педијатрија.

Според истиот извор, напаѓачот бил уапсен околу 14.15 часот на плоштадот. Веќе го немал ножот в рака и дозволил да биде фатен. 

Жандармеријата прецизираше дека тој „не им бил познат на службите“ и дека неговите мотиви „се чини дека не се поврзани со радикализам“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан