• среда, 08 мај 2024

Два пати ограбил иста обложувалница, скопјанец осомничен за разбојништва

Два пати ограбил иста обложувалница, скопјанец осомничен за разбојништва

Скопје, 9 ноември 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела „разбојништво“.

-Осомничениот 31-годишник, во два наврати на 1 и на 7 ноември, со употреба на сила и закана кон вработените кои во моментот биле на смена, ограбил иста спортска обложувалница. Првиот пат одзел 98.987 денари и избегал, а вториот пат од сефот одзел 244.470 денари, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците/оштетените и веројатност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. дма/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан