• понеделник, 23 декември 2024

Во Југоистокот најголем одзив на гласачите има во Гевгелија и Дојран, најмал во Босилово

Во Југоистокот најголем одзив на гласачите има во Гевгелија и Дојран, најмал во Босилово

Струмица, 8 мај 2024 (МИА) - Во десетте општини од Југоистокот до 13 часот на вториот круг на претседатеските и парламентарните избори најголема излезност е забележана во Гевгелија и Дојран-31 отсто, а најмала во Босилово 15 отсто.

Во другите општини излезноста во Василево е 18 отсто, Радовиш и Ново Село 20 отсто,Конче 23 отсто, Валандово 25, Богданци 28, Струмица 27 отсто од вкупно запишаните избирачи.

Во десетте општини од Југоисточниот плански регион граѓаните гласаат на 273 избирачки места, а право на глас во вториот круг на претседателските и парламентарните избори имаат 141.167 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии досега не се забележани неправилности. рт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан